Организаторите на избор за убавина во Порторико истражуваат прав филмски случај на саботажа откако натпреварувачката Ингрид Марија Ривера на бината се појавила со непријатни црвени пликови по лицето и телото. Во нејзиниот фустан и сетот за шминкање пронајдени се хемикалии  од спреј за самоодбрана што наведува на тоа дека некој на необичен начин се потрудил да ја отстрани од натпреварувањето. Што е уште полошо, некој и ја украл и торбата, но сеедно таа на натпреварот завршила како победничка.

Ингрид Марија Ривера  ги победила 29-те конкурентки во натпреварот за убавина во Порторико, но на бината не се покажала во најдобро светло- двапати пред жири комисијата излегувала со непријатни црвени пликови, а подоцна е утврдено дека некој фустанот и шминките и ги испрскал со спреј за самоодбрана.

„Отпрво мислевме дека е алергиска реакција или трема, но кога се исипа по втор пат, знаевме дека не може да биде случајност“ изјавил портпаролот на изборот Харолд Росарио.

Убавицата пред три години ги претставувала Карибите на избор за Мис на светот па останатите кандидатки на изборот во Порторико се побуниле затоа што според нивното мислење е преискусна и„нема што да бара меѓу аматерките“.

Медиумите Ривера ја прогласиле за фаворитка уште пред почетокот на натпреварувањето, а организаторите велат дека случајот ќе го истражат без полиција.

Јасминка Т. Момироска