– Оваа акција во Јужна Америка ја организиарам сам затоа што експедицита од Србија со која требаше да патувам во Аргентина на само 20 дена пред тргнувањето го откажа своето учество, така што морав да се снаоѓам самостојно. Заедно со еден мој пријател од Канада собравме мала интернационална група во која уште има планинари од Бразил, Чиле, Франција и САД, ни изјави Танески.
Врвот Аконкагва
Искачувањето започнува на 1-ви февруари од Мендоза и ако се биде во ред, експедицијата на Мишко Танески очекува да биде на врвот Аконкагва две недели подоцна.
–Врвот ќе го искачувам преку таканаречениот „Полски глечер“ која е една од потешките насоки кон Аконкагва. Се одлучив за оваа патека пред се за да ја тестирам мојата издржливост и затоа што е малку поевтина од вообичаената рута, рече Танески.
Подготвен за нов предизвик – Мишко Танески
Танески објаснува дека поради бројните проблеми и откажувањето на првата експедиција имал доста потешкотии да ги обезбеди потребните финансии, но благодарение на несебичната помош на спонзорите: Општина Охрид, Завод за испитување на материјали – Скопје, „Лозар Пелистерка“, „Велмакс СИПО“, „Куба либре“, „Горска вода“, „Ротари клуб“, „Дарон“, „Џале турс“, аптека „Мери Фарм“, „Мисан Адидас“, „Вис – Пој“, „Јанко III“, „Депортиво“, „Премиер“, „фото студио „Зум“, книжарница „СИВ“, ноќен клуб „Арена“ и „Пан Мак травел“ – Франкфурт, успеал да ги собере неопходните средства за реализација на новиот подвиг.
Доколку успее да го искачи врвот „Аконкагва“ тоа ќе биде седмиот врв над 4000 метри надморска височина на кој ќе се искачи Танески во период од 18 месеци.