Македонски прволигаши и второлигаши и четири српски екипи го одбраа Охрид за база на зимските подоготовки.
Годинава беше далеку полесно од минатите поради стадионот со вештачка трева, кој беше изграден неодамна со што ја збогати спортската понуда во градот.
– Евидентни се придобивките од теренот со вештачка трева. Многуте екипи кои не заобиколија минатата година оваа дојдоа тука и одработија подготовки за продолжението од сезоната. Од година во година ќе се надградуваме и како град ќе станеме заштитен знак на спортскиот туризам. – рече директорот на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.
Четирите српски екипи (Борац Чачак, Јавор Ивањица, Радник Сирдулица и Спартак Суботица) му даваа предност на стадионот со вештачка трева пред „главниот“ терен.
Македонските тимови беа поделени околу терените. Тренираа на Атина Бојаџи, а поголем дел од натпреварите ги играат на ново изградениот терен.
Стадионот со вештачка трева допрва треба да се финализира со поставување на осветлување и монтажни соблекувални кои се неопходни во зимски услови.
Мх.П.