Во новите видео-реклами со кои СДС и нивниот кандидат Јован Стојаноски се обидуваат да го излажат народот со куп шарени лаги и лажни ветувања, се појави и ветување за модернизација на спортскиот центар „Билјанини Извори“. Дали Јован Стојаноски и СДС мислат дека е доволно да кажат една реченица дека нешто ќе модернизираат без притоа да напоменат конкретно што ќе направат таму?, праша на денешната прес конференција Ристе Мишев од ВМРО ДПМНЕ.

– Црните денови кои во спортскиот центар „Билјанини Извори“ ги донесе власта на СДС со празна каса и неисплатени плати во период од 6 месеци, со окупирани паркинзи, со фактури за ручеци по ресторани поголеми од 1 милион денари, со долгови за струја од 8 милиони денари, со девастирани спортски терени и нефункционален пливачки базен денес се само лош спомен на владеењето на политичките ментори на Јован Стојаноски. За какво модернизирање на Спортскиот центар зборува Јован Стојаноски, политички наследник на естаблишментот кој владееше со Охрид во најцрните денови, кога на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ се одржуваа концерти, фестивали и други церемонии за кои продукциите не уплаќаа пари на смектата на фирмата и не се делеа плати за вработените, со месеци, потенцира Мишев.

Упати прашање и до носителот на кандидатската листа за советници на СДСМ, Константин Георгиески, какви се неговите идеи кои ги пласира во јавноста за претворање на спортскиот покриен базен во Здравствен Дом.

– Дали Константин знае што зборува, и дали и од ова негово ветување ќе се огради Јован Стојаноски, како што се огради од неколку негови ветувања претходно? Дали оваа структура, која реализира децениско пустошење и грабеж на СРЦ „Билјанини Извори“ нема срам да се појави пред граѓаните но пред сже пред самите вработени во претпријатието, оние кои по 6 месеци не добиваа плата и беа малтретирани на своите работни места од структури кои не беа ни раководители, ни вработени во претпријатието.Охрид памети! Граѓаните на Охрид паметат! Вработените во БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ паметат! Сите ја паметиме голготата, хаосот и пустошот кој го остави зад себе СДС и тогашната градска власт, и нема да дозволат Јован Стојаноски да ја воскресне таа состојба во Охрид, рече Мишев.

OhridNews