Вчерашниот прекин во електроснабдувањето на ЈП Билјанини извори бил поради вршење на внатрешна ревизија на снабдувањето со струја во комплексот, односно ревизија на кабли поради што во текот на вчерашниот ден било исклучено само едно броило. Како што објаснува директорот на јавното претпријатие, Ристе Мишев, уште вчера попладне околу 15 часот било воспоставено нормално снабдување со електрична енергија во претпријатието. Мишев потенцира дека долгот кон ЕВН редовно се подмирува и дека до сега од месец април исплатени се 3 милиони и 512.000 денари.
Од „ЕВН“ за “OhridNews“ вчера пак изјавија дека струјата во претпријатието е исклучена поради неплатен долг и дека претходно постигнатиот договор за начинот на подмирување на долгот кој јавното претпријатие го има кон „ЕВН“ не бил испочитуван. Од ЕВН додаваат дека компанијата е отворена за разговор со цел да се изнајде решение за проблемот, но посочуваат дека долгот кој го има ЈП „Билјанини извори“ мора да се плати.
OhridNews