Натпреварите на „Гимназијадата“ се во полн ек, а среќа и успех на сите учесници им посака директорот на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.
– Посебно задоволство ми причинува што Охрид како град и ние како ЈП.Билјанини Извори – Охрид и градот Охрид сме домаќини на овој голем масовен спортски настан каде што учествуваат ученици од средните школи на ниво на цела држава кои се иднината на Р.Македонија. Се надевам дека дел од овие учесници во иднина ќе постанат врвни спортисти и ќе најдат дел во Националните Репрезентации на Р.Македонија. Ние како Јавно претпријатие со организација на ваков тип на настани потврдуваме дека имаме капацитет и расположение да организираме вакви и уште поголеми спортски манифестации од национални и меѓународни рамки, се со цел што подобро да го промовираме Охрид. Преку медиумите им посакувам на сите учесници пријатен престој во Охрид, спортски дух на терен и врвни резултати во спортовите во кои се натпреваруваат – потенцираше Мишев.
Веднаш следниов викев Охрид е домаќин на друга манифестеција од републички карактер, а тоа е Купот на Македонија.
Мх.П.