Папараците успеаа да ја фотографираат холивудската актерка Мишел Родригез во еден клуб на Ибица како разменува нежност со анонимна девојка. Пред две години, актерката призна дека е бисексуалка, а нејзината претходна врска со супермоделот Кара Делавињ беше детално испратена од сите светски медиуми.

 

Сега актерката е фотографирана со анонимна девојка додека седела во еден клуб на Ибица. Мишел и нејзината пријателка се видени како водат интимен разговор, а папараците успеаа да го фотографираат и моментот кога судејќи според се, девојките се бакнаа. Инаку, Мишел прв пат призна дека бисексуалка во 2013 година во интервју за “E! News”.