Откако ја прекинала својата бурна врска со манекенката Кара Делевајн, актерката Мишел Родригез повторно одлучила во потполност да се посвети на мажите. Имено, таа е фотографирана на Ибица, како на јахта разменува нежности со колегата Зек Ефрон.
Тие двајца претходниве месец дена се неразделни, а тоа го докажува и фактот што заедно допатувале во Шпанија, како би минале што повеќе време заедно пред враќањето во Холивуд и работните обврски. Мишел во повеќе наврати изјавила дека е бисексуалка и дека често варира помеѓу врските со машки и женски.