Американската актерка Мишел Родригез на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографија на која медитира целосно гола. Фотографијата најверојатно на снимила нејзината девојка Кара Делевајн со која се наоѓа на одмор на Тајланд.

Девојките се одлучиле за овој одмор по напорните обврски. Кара имала голем број ревии на модните седмици ширум светот, додека Мишел присуствувала на голем број свечености по повод разноразни доделувања на награди. Инаку тие две неодамна обелодениле дека се во врска.