Холивуската актерка Мишел Родригез моментално престојува на Канскиот фестивал, а еден сончев ден искористила да се опушти на плажа со пријателите. Дека прва асоцијата на оваа актерка е нескротена енергија е познато на сите, а Мишел уште еднаш покажа зошто е омилен избор на режисерите кога се во прашање акционите филмови.

 

Таа искористила еден ден на Азурниот брег па со пријателите се упатила на локалната плажа. Мишел се сончала и капела, а во еден момент се качила на карпа од која скокнала во водата. Смело и одважно, како акционите хероини кои ги пренесува на филмското платно, Мишел скокна на глава без и малку страв.