Производителот за детски играчки компанијата „Јаилбреак“ во ноември на пазарот ќе пушти нова кукла од серијата за претседателското семејство на САД – пластична Мишел Обама. Сопственикот на компанијата Џејсон Феинберг објаснува дека развојот на куклите е започнат уште во првите денови на американскиот претседател во Белата куќа.


Играчката ќе се приклучи на веќе постоечките мали копии на Барак Обама и двете ќерки Саша и Мали. Новата кукла е со висина од 15 см и ќе се продава во три различни бои по цена од 12.99 долари. Според зборовите на производителот новата играчка не е само за деца, туку и за колекционери и ценители.

Ф.К.