Сопругата на американскиот претседател, Мишел Обама, изјавила дека би сакала да знае да пее како Бијонсе. Таа открила дека обожава музика и дека веројатно би била пејачка доколку не била прва дама.
Изјавила дека мисли како музичарите најдобро се забавуваат. Симпатиите помеѓу Бијонсе и сопругата на американскиот претседател се обострани. Пред неколку седмици пејачката и испратила писмо на Мишел Обама во која навела дека и завидува бидејќи е грижлива мајка и прекрасна сопруга, а во исто време и прва дама.