Првата дама на САД Мишел Обама повторно се нашла на насловната страна на американското списание „Вог“, кое важи за навлијателно модно списание во светот. Како што пренеле медиумите, сопругата на Барак Обама се појавила на насловната од списанието во син фустан без ракави, креација на Рид Кракоф, нејзиниот моментално омилен моден креатор.

За фотографијата, како и во март 2009 кога за прв пат се појавила во списанието, се погрижила познатата фотографка Ени Либовиц. „Вог“ донесува и интервју со првата дама во кое таа најмногу зборува за своите ќерки и сопругот, за кој вели дека го научила да биде стрплив и смирен. На прашањето како избира облека, таа рекла дека секогаш ја става удобноста пред стилот.