Сопругата на американскиот претседател потпишала со издавачката куќа Рендом Хаус договор да напише книга за градинарството. Во книгата, која засега нема наслов, првата дама ќе ги објави рецептите на некои од омилените здрави јадења на претседателското семејство. Таа не добила аванс, а целиот приход од продажбата на книгата планира да го донира во добротворни цели.
Книгата ќе содржи и фотографии од претседателската градина и слики на слични градини во урбаните средини во оквир на училиштата низ САД. Книгата во книжарите ќе се појави во април 2012 година.