Првата дама на САД Мишел Обама отворила налог на друштвената мрежа Твитер. Таа својот налог го отворила пред два дена и веќе имала повеќе од 200 илјади следбеници. Таа прво ја користела социјалната мрежа со Џил Баједен за потребите на нивната иницијатива „Обединети сили“, а сега се одлучила да има и свој сопствен налог.
Еден од нејзините први твитови гласел “Овој налог ќе го водат членовите на кампањата, а твитовите на првата дама ќе бидат потпишани со МО“. Нејзиниот прв пост гласел „Здраво на сите, благодарам за топлото добредојде. Се радувам што ќе бидеме во контакт и овде. МО“