Мишел Обама наводно на почетокот на оваа година на Карла Бруни, сопругата на францускиот претседател, и рекла дека животот во Белата Куќа е вистински пекол. Двете први дами разговарале за својот живот додека нивните мажи биле на состанок.


Мишел уште првиот ден покажа дека приватниот живот ќе го чува далеку од очите на јавноста. Поставила правила според кои семејството мора да појадува и да вечера заедно. Таа поради претседателскиот мандат на сопругот морала да се откаже од правничката кариера.