Неофицијално, Барак Обама и неговата жена, Мишел, се во преговори за продуцирање на шоу на познатата платформа „Netflix“. Шоуто ќе обработува инспиративни приказни, наместо да коментира за Доналд Трамп или конзервативните политики, пренесуваат американските медиуми.
Една од идеите за шоуто е Обама да биде модератор на разговорите на теми кои доминираа за време на неговото претседателство, вклучувајќи ја здравствената заштита, имиграциите и климатските промени.
Друга идеја за шоу би ја вклучила поранешната Прва Дама во разговори на различни теми, вклучувајќи и исхрана.
Се уште нема коментар од „Netflix“ за шпекулациите.
А.М.