Холивудската актерка Мишел Фајфер е овогодинешниот добитник на наградата „Икона на филмот“, која се доделува за придонес во филмската индустрија. Наградата ќе и биде доделена на претстојната конвенција „СинемаКон“ во Лас Вегас. Директорот на конвенцијата рекол дека Мишел Фајфер е една од „вистински големите главни актерки во филмската индустрија“.


Освен неа, награда на конвенцијата ќе добие и Шарлиз Терон. Терон, која штотуку го завршила снимањето на адаптацијата на бајката за Снежана, ќе добие награда за изнвонредни достигнувања во филмот во изминатава деценија. Мишел Фајфер наскоро ќе се појави во новиот филм на Тим Бартон, “Dark Shadows”, во кој играат и Џони Деп, Ева Грин и Хелена Бонам Картер.