Несериозно и неодговорно е кога бројот на заразени и починати од коронавирус во земјата расте, и пола партија СДСМ е во изолација, да се зборува за избори, а уште помалку кога тие би се одржале, истакна на прес конференција Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.
Ние имаме нова реалност во Македонија, како што Заев ја нарекува нормална реалност, но за жал бројките покажуваат многу различно. Денеска имаме црн понеделник. На ваков ден да се зборува за избори и да се зборува да се тера кампања е несериозно. Ние сме одговорна партија и ќе се грижиме за здравјето на граѓаните. Јас би сакал да прашам: Како знае Зоран Заев дека ќе заврши вонредната ситуација сега? Како знае дека ова ќе биде последно продолжување на вонредната состојба? Дали они ја носат политички? Малку разум треба да се има, ако по секоја цел сакаат да одат на избори и да бидат извор на пандемија, тоа не го заслужиле граѓаните и ние нема да го дозволиме. – рече Мисалјловски.
Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање рече оти нема информации дека имало предлог за одложување на парламентарните избори за 2021, односно нивно одржување заедно со локалните избори.
Претходно лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека датумот на парламентарните избори е завршена работа и дека тие ќе се одржат по завршување на вонредната состојба, на 5 јули
OhridNews