На натпреварот за најубава жена во Универзумот, во саботата ноќта во Москва, победила 25-годишната телевизиска водителка од Венецуела Габриела Ислер. Судиите, меѓу кои и рок ѕвездата Стивен Тајлер, ја избрале победничката меѓу 86 финалистки, а шоуто го посматрале милиони телевизиски гледачи ширум светот. Дијамантската круна и ја предала минатогодинешната победничка Оливија Кулпо од САД.
Кулпо пред тоа се појавила на пистата носејќи бел костум за капење накитен со дијаманти, рубини и смарагди, за кој организаторите рекле дека вреди милион долари. На овогодинешниот избор за Мис Универзум паднала голема сенка кога светските медиуми објавиле дека натпреварот е наместен, и дека победничката е однапред позната. НАводно, тоа требало да биде британската Ејми Вилертон.