Ивиан Саркос, Мис Венецуела, е избрана за Мис на светот за 2011 година. За прва придружничка била избрана Финола Гуинане, Мис Филипини, додека за втора придружничка била избрана Аманда Перез од Порторико.


Меѓу првите седум уште се пласирале и најубавите жени од Кореја, Англија, Јужна Африка и Шкотска. Изборот за Мис на светот е најстариот меѓународен избор за убавина кој се одржува и ден денес. Почнал да се одржува на иницијатаива на Ерик Морли во 1951 година во Велика Британија.