Јапонката Харуна Аи (37) победила на изборот „Miss International Queen“ резервиран за жени кои се родиле како мажи. Натпреварот за најубав транвестит се одржал во Тајланд, во близина на Бангкок. Учествувале 18 убавици кои морале да докажат, или со извод на раѓање или со лекарска потврда дека се родени како мажи.
Како и на секој избор за убавина, девојките имале и излегување по костими за капење и вечерни фустани. Победничката добила 10 000 американски долари, трофеј и круна.
-Пресреќна сум! Го сакам Тајланд и на сите се заблагодарувам. Оваа награда е за сите јапонци, изјавила Харуна со солзи во очите.