Овогодинешната Мис Русија, Софија Никичук, се најде во незавидна позиција, обвинителството на Свердловската област покренало истрага поради насловната страна на најновото издание на списанието „Столник“ на кое 21-годишната убавица се појавува гола, прекриена со руската тробојка. Избрана на 19 април, Софија гордо позира на фотографијата под која пишува „Вкус на победата“ во чест, како што објаснила директорката на списанието, на 70-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над фашизмот.

 

Според пишувањата на весникот Мосва Тајмс, истрагата е покрената поради жалбите на читателите кои се почувствувале „повредени“ со разголената насловна страница. Според рускиот закон, за непочитување на Руското државно знаме е предвидена казна од една година затвор.