За Мис Колумбија, Адриана Гутиерес, светот дозна кога во декември во Лас Вегас, водителот по грешка ја прогласи за Мис универзум. Додека Адриана со круната и лентата ја поздравуваше публиката и праќаше бакнежи, водителот го прекина нејзиниот триумф, се извини поради грешката и за најубава девојка ја прогласи Мис Филипини.
Но, нештата за осрамотената Адриана, која неверојатно личи на својата земјачка Софија Вергара, сега се одвиваат многу поинаку. Имено, таа ја прифати понудата да заигра покрај Вин Дизел во третото продолжение од „Трипл Икс“ серијалот, „Враќањето на Ксандер Кејџ“, чија премиера е закажана за јануари 2017 година. Ова е нејзино прво појавување на големото платно. Филмот ќе се снима во Доминиканската Република, а улогата не и е безначајна. Има дури шест сцени и три страници дијалог.