Јапонската претставничка за мис универзум морала да го прекрои својот фустан за настапот откако сонароднициоте ја нападнале поради краткото кожно кимоно под кое и се гледале гаќичките. Блогот на Емири Мијасакин(25) бил преполн со навреди пред натпреварот на Бахамите.
Креацијата ја сметале за недолична и лигава, а како најгрди ги истакнувале појасот и самостоечките чорапи. Кимоното во оригиналната верзија било подолго, но дизајнерите одлучиле да го скратат. Под притисокот на незадоволните граѓани, директорката Инес Лигрон прифатила да го продолжи кимоното нарекувајќи ги незадоволните граѓани конзервативни модни диносауруси.