Кога Мис Бахами изјавила дека би сакала да се омажи за принцот Хари, не можела ниту да претпостави дека само еден ден подоцна ќе има прилика лично да го запознае. Анастејжа Пјер присуствувала на приемот кој бил приреден во чест на принцот, кој моментално се наоѓал на турнеја, на која помеѓу останатите земји ги посетил и Бахамите.
Таа облекла тесен црвен фустан и изгледала заносно во обидите да го шармира младиот британски принц. На неодамна одржаниот натпревар „Мис Универзум“, на која ја претставувала својата земја, Анастејжа изјавила дека многу го почитува британското кралско семејство и дека го прочитала или видела секое интервју во кое се појавила принцезата Дајана. На крајот смеејќи се рекла дека доколку принцот би ја запросил, таа веднаш би се согласила да се омажи за него.