Фудбалерите на Велазерими, ја стопираа серијата од две победи на Охрид триумфирајќи во Кичево со 3-1 (0-0) во рамките од 10-та рунда од Втората македонска фудбалска-запад.

Со победата во Кичево, Велазерими комплетираше двоен триумф над охридските фудбалери, затоа што славеше и во првата рунда со 2-1 на охридскиот стадион „Билјанини Извори“.

„Рибарите“, добро го отворија натпреварот и креираа прилика за почетно водство. Ромео Кочоски после топката од Александар Целески го помина домашниот голман, но последниот одбранбен фудбалер стигна и расчисти од самата гол линија.

Домашните фудбалери се заканаа со удари од далечина. Најблиску до целта составот на Велазерими беше после ударот на Бурхан Алији кој со крајно напори го одбрани охридскиот голман Даниел Котески.

На стартот од вториот дел. Велазерими за кратко постигна два погодоци. Домаќините водечкиот погодок го постигна после првиот изведен корнер. Највисок во скокот беше Илир Мемети. Кратко, после 5 минути домаќините го дуплираа водството. Потесната одбрана не испрати најдобро а со погодок грешката ја казни Мурат Адили.

Охриѓани и покрај негативата не се предадоа и продолжија да играат офанзивно. Ударот од Игор Клечкароски го блокираше Мемети, а Кочоски биеше добро но повторно на место беа одбранбените фудбалери. Велазерими со гол од пенал зголеми на 3-0. Адили беше соборен во казнетиот простор а сигурен изведувач беше Миргин Дани.

До крајот на натпреварот, „сино белите“ постигнаа почесен погодок преку Димитар Кочески кој влезе од клупата. Младиот фудбалер се најде на вистинско место после центаршутот од корнер и ја затресе противничката мрежа.

Охрид после поразот останува на последното место додека Велазерими со трите бодови ќе се вмеша во борбата за водечките позиции на табелата.

Во следната рунда Охрид гостува кај тимот на Гостивар.

OhridNews