Фудбалерите на Охрид останаа без бодови на гостувањето во Битола претрпувајќи пораз 2-1 (0-0) од Пелистер во 12-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

Кобно за „рибарите“ беше судиското продолжение во кое Пелистер го постигна погодок за победа. Претходно, Пелистер поведе 1-0 со голот на Момироски а Охрид изедначи преку Целески.

Првиот дел помина во знакот на Пелистер. Домаќините ја имаа контролата на мечот и креира неколку изгледни прилики за погодок. Прво се заканија преку Филип Бошкоски а на вистинско место беше охридскиот голман Даниел Котески. Во вториот обид на Пелистер екипата на Охрид имаше среќа бидејќи ударот на Благојче Главевски заврши за малку покрај голот.

Пелистер продолжи со офанзивната игра во второто полувреме. Таквата игра вроди со плод во 65 минута кога нововлезниот Игор Момироски избегна офсајд стапица и го матираше Котевски за предност 1-0. Охрид после негативата започна да игра похрабро и да го притиска домаќинот. Иницијатава, „рибарите“ ја капитализираа во 85-та минута кога Александар Целски со погодок ја круниса маестралната асистенција од Игор Клечкароски.

Пелистер во финишот нападна и дури на крајот во четвртата минута од судиското продолжение погоди преку Ганчев кој највисоко скокна после корнерот и ја смести топката во мрежата на Охрид.

Во 13-та рунда која е последна од есенската полусезона охриѓани ќе го пречекаат тимот на Кадино.

OhridNews