– Поради повреди не се во комбинација Илчо Наумоски и Ацо Стојков, други проблеми кај останатите фудбалери нема. Собирот е закажан за 26 мај во Скопје додека заминувањето за Австрија е на 27 мај. Овие два натпревари треба да ги искористиме максимално за подготовките за престојните квалификации и одржување на континуитетот. Ќе му дадам шанса на фудбалерите кои одиграа одлична сезона во своите клубови. изјави селекторот на Македонија, Мирсад Јонуз
Составот на Македонија кој ќе патува во Австрија:
Голмани: Томе Пачовски, Един Нурединоски, Јане Николовски
Одбрана: Ванче Шиков, Бобан Грнчаров, Гоце Седлоски, Игор Митрески, Николче Новески
Среден Ред: Александар Тодороски, Арменд Алими, Величе Шумуликоски, Филип Деспотовски, Влатко Грозданоски, Горан Попов, Марио Ѓуровски, Иван Тричковски, Владе Лазаревски
Напад: Стевица Ристич, Горан Пандев, Менсур Куртиши, Душан Савич