Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ, е најкорисен играч во Евролигата за месец октомври, објавено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето.

Единствено Барселона беше непоразена во воведните шест кола од новата сезона во Евролигата, а најзаслужен за тоа беше Миротиќ.

На крајот од октомври кошаркарот на Барса имаше најдобар индекс на корисност – 144, иако според минутажата на теренот е дури на 27 место.

За Миротиќ ова е рекордна шеста МВП награда во кариерата.

 

OhridNews