Охридските атлетичари Мартина Мироска и Стефан Стефаноски имаа успешни настапи на третите Европски игри кои се одржаа во Малта.
Мироска во дисциплината скок во далечина се пласираше на четвртата позиција и за влакно и избега пласман на подиумот, додека Стефаноски акумулираше драгоцено искуство со настапи во фрлање диск и кладиво.
Младата атлетичарка Мироска заедно со Марија Јованоска на 1 и 2 јули ќе учествуваат на Балканското првенство за јуниори.
OhridNews