Охридските атлетичари Мартина Мироска и Славчо Мирчевски имаа спротивни резултати на интернационалниот атлетски митинг во црногорскиот град Бар.
Мироска во својата дисциплина скок во далечина го освои сребрениот медал додека Мирчевски потфрли во истата дисциплина.
Причина за слабиот настап на охриѓанецот во Бар била настинката и лошите временски услови во моментите кога тој се натпреварувал на теренот.
И Мироска се соочила со слични проблеми, но таа на време пред финалните битки ја победила болеста.
OhridNews