На светското првенство за млади младинки кое се одржа во Кали, Колумбија, Мартина Мироска во дисциплината 100 метри со резултат 12.92 го освои 7-то место во групата од 8 атлетичарки и 56-то вкупно од 58 учеснички.
Резултатот и пласманот на Мироска сигурно би бил подобар доколку во Колумбија единствената македонска преставничка пристигнеше два дена порано, а не ден пред натпреварувањето.
Ова е едно ново искуство за нашата млада атлетичарка и поттик за подобри резултати во иднина. Овој постигнат резултат на Мироска е и најдобриот резултат во сите категории во Македонија.
Доколку учествуваше во својата дисциплина скок во далечина пласманот и резултатот со сигурност ке беа подобри.
Ohridnews