Охридските атлетичари Мартина Мироска и Стефан Стефаноски ќе бидат дел од 30-члената македонска експедиција која ќе отпатува на третите Европски игри кои ќе се одржаат во Малта.

Местото во репрезентацијата на Македонија двоецот од Атлетскиот клуб Охрид го осигура со доброто издание на Куп натпреварувањето кое се одржа пред десеттина дена во Охрид.

Мироска очекувано триуфмираше во скок во далечина, додека Стефаноски во кладиво и диск. Охридските атлетичари напорно тренираат и максимално подготвени ќе отпатуваат во националните бои во Малта.

OhridNews