Ренова и Работнички на Билјани Извори одиграа натпревар кој заврши онака како и што започна 0-0.

Мечот помина во ровоска битка на средината на теренот во игра во која ниту една од екипите не успеа да дајде до било каква предност за реваншот.


Домаќините беа тие кои ја имаа повеќе топката во своите нозе, но не` успеа да создадат некоја конкретна прилика, благодарение на дисциплинираната игра на Работнички во одбрана.

Најдобрата прилика ја имаше Игњатовски кој по центаршутот на Тодоровски биеше со глава. Најдобриот на теренот Перендија успеа од самата гол линија да ја скрати радоста на домаќините.


Реални 0-0 со оглед на сите случувања на теренот. Патникот во полуфиналето ќе го даде пресметката за две недели на Градски.  

Резултати 1/4 финални средби:

Ренова – Работнички 0-0
Силекс – Милано 0-2
Миравци – Македонија ЃП 1-1
Пелистер – Шкендија 3-1

Реванш средбите ќе се одиграат на 10.Декември со поч. во 13ч.