Незадоволни од бавноста со која се одвива стечајната постапка, поранешните вработени во Акционерското друштво “Виор Ростфрај”, поранешно “Братство”, денеска ќе организираат мирни протести пред Основниот суд во Охрид.

” Стечајната постапка неосновано трае веќе 47 месеци. Со мирните протести сакаме да го потсетиме судот дека треба ја забрза постапката”, вели Славе Бучков, поранешен вработен во ова акционерско друштво.

Тој најавува дека по завршувањето на  протестите, ќе бидат доставени и писма до министерствата за правда и за финансии, како и до Републичкиот судски совет, со цел, и тие да се ангажираат околу проблемот со остварувањето на законските права на работниците и забрзувањето на стечајот на фабриката.

Како што е познато, стечајната постапка започна на 1 јануари 2005 година. Некогашно “Братство” вработуваше 500 работници и голем дел од производството беше наменето за пазарот на тогашна Југославија.

Ohridnews