За време на новогодишните прослави в долж Охридската ривиера која е исполнета со гости, не се евидентирани поголеми безбедносни проблеми.

Во текот на ноќта полициски службеници привеле две лица поради нарушување на јавниот ред и мир во и надвор од угостителски објект.

Безбедносната ситуација во Охрид е стабилна, новогодишната ноќ мина без инциденти и сообраќајни незгоди, изјави за Охридњуз портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Г.М.