Во текот на новогодишната ноќ во која на охридската ривиера до доцна во ноќта заедно со охриѓани славеа илјадници гости од земјава и соседството, на територијата на Општина Охрид не се регистрирани значителни нарушувања на јавниот ред и мир. Полицијата регистрирала две тепачки, а актерите биле веднаш приведени.

Стабилна беше безбедносната состојба во Охрид за време на новогодишната ноќ. Регистрирани е едно нарушување на јавниот ред и мир со тепачка пред ноќен клуб помеќу 5 лица од Република Србија кои веднаш се приведени, информира портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во текот на новогодишната ноќ регистриран бил и еден физички напад врз лице од Охрид.

На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен 39-годишен охриѓанец, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

На 31.12.2024 во 19,50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, воспитувачка во една приватна детска градинка во Охрид, била насилна кон малолетно лице кое било запишано за престој во градинката. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Димоски.

Во полицискиот билтен од новогодишната ноќ регистриран е и пожар во куќа лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

Сообраќакната безбедност изминатото деноноќие била поволна без регистрирани сообраќајни незгоди.

Г.М.