Титулата од националниот шампионат му се смешка на ракометарите од Металург, но „црвено црните“ со победата во финалето 30-28 од Купот им ги срушија плановите за двојна круна.

– Не успеавме во нашите намери да ја освоиме двојната круна сезонава. Одигравме крајно лошо прво полувреме што подоцна не чинеше пораз во финалето. И покрај тоа во вториот дел се вративме во игра и ја анулиравме предноста на Вардар од четири погодоци. Несватливо за мене е во последната минута да се досуди пробивање од дуел што е нормален за ракометот. Такви дуели на шесте метри има безброј затоа ми е чудна одлуката на судиската двојка – рече Филип Миркуловски.

Сезонава двата македонски ракометни брендови ги сменија титулите откако минатата Металург беше освојувач на Купот, а Вардар на трофејот од Супер лигата.

Фото : Емилио
Мх.П.