Поголем дел од ракометарите во македонската репрезентација доаѓаат од Металург, клуб кој имаше турбулетна полусезона. Но, сега членовите на Металург во селекцијата имаат нова задача и зад себе треба да ги остават клубските обврски.


– Уште кога бевме во клубот ние ги надминавме тие проблеми. Трениравме и игравме и дававме максимум на сите натпревари без разлика на противникот. Има уште 20 дена да ја крениме формата и да успееме да стигниме до тоа посакувано четвртфинале – рече Филип Миркуловски за „Спортмедиа“ и додаде – Клубските обврски и проблеми се зад нас сега постои само репрезентацијата и ништо друго. Ние мораме да мислиме за нашата иднина, но за тоа потоа сега сме максимално сконцетрирани на селекцијата.

Покрај физичката и психолошката подготвеност игра главна улога на вакви кратки а силни турнири.

– Психолошката подготвеност е индивидуална додека физичката мора да ја има целата екипа. Тешко ќе биде дури почниме да работиме потоа се е полесно и подготвени ќе го дочекаме почетокот на Мундијалот во Катар – заклучи Миркуловски.

Македонската селекција премиерата на СП ја има на 16 јануари против репрезентацијата на Тунис.

Мх.П.