На пет дена од првиот натпревар со Грција во мундијалскиот бараж за Светското првенство Катар следната година атмосферата во македонската ракометна репрезентација е на високо ниво.
– Сите членови на репрезентацијата имаа одлични сезони во клубовите и автоматски растат апетитите кај нас и навивачите. Ривалот не ни е познат, но судбината е во наши раце и не треба да дозволиме други да ни решаваат за неа – рече селекторот Ивица Обрван.
Македонската селекцијата од стартот има предност бидејќи реваншот се игра во Скопје и од сега заинтересираноста е голема е за тој натпревар.
– Очекуваме пеколна атмосфера на двата натпревари. Во Атина не смее тоа да не уплаши напротив треба да биде мотив повеќе за победа и пласман на уште едно големо натпреварување – додаде Филип Миркуловски.
Со пласман на Светското првенство во Катар македонските репрезентативци ќе ја крунисаат најплодната година за ракометот во Македонија.
– Преставниците на Македонија во европскиот ракомет имаа брилијатни сезони. Ние имавме сезона за паметење во Лигата на Шампиони, а никој не очекуваше да се пласираме во групите. Во бараж средбите го елиминиравме унгарскиот Пиг Сегед, а потоа добивме екстра квалитетната група. Се искачувавме чекор по чекор и извојувавме победи против Барселона и ПСЖ, а исто така поусшени бевме во двомечот со Вардар – потенцираше Миркуловски.
Првиот натпревар селекциите го играат на седми јуни во Атина, а реваншот осум дена подоцна во Скопје.
Мх.П.