Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски и следната сезона ќе биде дел од Бундес лигата, но дресот на Хановер ќе го смени со Ветцлар.


Иако голема била желбата Хановер да го продолжи договорот со Миркуловски, сепак тој веќе „пуштил рака“ со екипата на Ветцлар каде моментално настапува Дејан Манасков.

Поранешниот член на Металург, Миркуловски потпиша две годишен договор со германскиот бундеслигаш, кој има големи амбиции за следната сезона.

Во дресот на Ветцлар легендата на Металург треба да го замени Ивано Балиќ, кој по завршување на оваа сезона ќе се повлечи од активното играње ракомет.

Мх.П.