Со освојувањето на четвртото место на Евробаскетот во Литванија кошаркарската репрезентација ја почна спортската лавина во земјата. Масло во огнот дофрлија ракометарите кои на Европското првенство во Србија стигнаа до петтата позиција, а континуитетот го одржа Металург, кој минатата сезона обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на стариот континент.

– По одличните резултати на кошаркарите и ракометарите нацијата е гладна за нови поголеми успеси. Сега сите во Македонија од нас очекуваат да се бориме за медал, а тоа е голем притисок, кој секој спортист мора да го доживее. Треба да се одржи тоа големо очекување бидејќи само така можат да се носат големи резултати – рече Филип Миркуловски, кој е незаменлив дел во Металург и македонската ракометна репрезентација.

„Металурзите“ сеуште не ги сумираа в печатоците од освојувањето на златниот медал од турнирот во Струга, а веќе мораат да мислат на Пиг Сегед, кој билет за нова европска авантура.

– Турнирот во Струга беше многу важен за нас бидејќи тие натпревари ни беа контролни пред средбата со Пиг Сегед во бараж средбите за пласман во Лигата на Шампиони. Ги видовме нашите аномалии кои ќе ги поправиме до првиот дуел од двомечот, а наидовме на доста позитивни работи кои ни фалеа минатата сезона – заврши Миркуловски.

Мх.П.