Кирил Лазаров е алфа и омега во ракометната репрезентацијата на Македонија. Долгогодишен капитен, лидер во и надвор од теренот. Годините полека го притискаат и не (ќе) може уште долго да ја води репрезентацијата во квалификациите и големите натпреварувања. Неговиот соиграч од репрезентацијата, Филип Миркуловски смета дека на Македонија ќе и биде многу тешко после повлекувањето на Лазаров, бидејќи нема ракометар кој може одма да го замени.
Во последниот период слушнав многу приказни за светлата иднина, како ќе го одржиме континуитетот од настапи на европските и на светските шампионати, но не верувам во тоа. Кога Кире Лазаров ќе се повлече, пласманот на големите натпреварувања ќе биде уште потежок, згора на тоа ќе има и нов систем на квалификации за СП. Сите се надеваме на најдобро, но реалноста не е таква. Немаме опција на десен бек, играч што веднаш би го заменил Лазаров, па во следните три-четири години ќе мораме да се потпреме само на Талески и на Кузмановски. Во таква ситуација ќе биде исклучтелно тешко да се оствари позначаен резултат. – изјави Миркуловски во интервјуто за „Балкан Хендбол“.
Миркуловски после заминувањето од Металург се пресели во германската Бундес лига. Неговата играчка кариера е пред самиот крај и планира да се посвети на тренерскиот занает.
OhridNews