– Имаме квалитетна екипа и очекувам пласман меѓу најдобрите осум во КПК, вели Миркуловски, бекот на машкиот ракометен вицешампион, Металург.
Ракометарите на скопски Металург утре ги завршуваат еднонеделните подготовките во Охрид, каде што покрај физичката сила, ја финализираат и тактиката која ќе ја применат против францускиот клуб Трембле во осминафиналето од Купот на победниците на куповите (КПК). Како се наближува првиот меч (14 февруари) така се зголемува и оптимизмот меѓу ракометарите на македонскиот вицешампион и освојувач на Купот на Македонија.
– Условите во Охрид се одлични. Изминатиот период подготвувавме тактика за Трембле. Тие се фаворити во дуелот, но ние го имаме Лино Червар на клупата, кој може секого да изненади со своите замисли. Имаме играчи, кои можат да го разбијат нивниот бедем пред голот – потенцира бекот Филип Миркуловски, кој го пропушти пријателски меч против Тиквеш поради мала повреда на рамото.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com