Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски на мечот меѓу Металург и Веспрем во рамките од СЕХА лигата се повреди и повеќе не влезе во игра.


Неговата повреда веднаш ја разбранува македонската ракометна јавност бидејќи Миркуловски е еден од најдобрите поединци во селекцијата.

– Засега ме боли и се уште сум по дејство на таблети за болка. Повеќе ќе знам утре, но мислам дека сепак не се работи за нешто посериозно – рече Миркуловски за официјалниот сајт на Металург.

Неуморниот ракометар на тимот од Автокоманда со капитенот Кирил Лазаров, Наумче Мојсоски и Борко Ристовски ќе бидат предводници на Македонија на Мундијалот во Катар.

Мх.П.