Со три погодоци и неколку одлични асистенции Никола Мирков беше еден од најдобрите поединци во нападот во охридскиот состав на мечот со Текстилец.

– Ни недостигаше мотивација, „крв“ во составот, а сето тоа се одрази на играта и резултатот во првиот дел. По негативата во вториот публиката не крена ни даде мотив повеќе и заигравме онака како што знаеме – потенцираше Никола Мирков.

Во нападот Мирков беше од голема помош за Борче Соколов, кој распали кон голот на гостите постигнувајќи десет погодоци.

Мх.П.