Се ближи сезоната на новогодишните празници, а неа сигурно најмногу и се радуваат трговците, на кои празниците, како и секоја година, ќе им донесат значително зголемување на продажбата и приходите. А како приходите би биле што поголеми, трговците се користат со бројни маркетиншки трикови. Еден од нив се и миристе кои купувачите ги тераат да трошат повеќе. Новото маркетиншко истражување покажало дека на зголемувањето на потрошувачката во продавниците најмногу влијаат мирисите.
Швајцарските маркетиншки експерти Андреас Херман и Мања Зидансек од универзитетот во Сент Гален развиле два мириси, едноставна миризба на портокал и миризба на зелен чај со босилок. Во временски период од 18 дена го посматрале однсеувањето на повеќе од 400 купувачи воеден трговски центар во ситуации кога пуштале некој од наведените мириси. Резултатите покажале дека стотина лица, кои купувале кога бил пуштан едноставен мирис од портокал, трошеле во просек 20 проценти повеќе.