Продолжува периодот на сончево и топло време, со повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Утрата се уште се свежи, а преку ден е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе се искачи до 18 степени.

И во понеделник не очекува сончево и топло време. Минималната температура ќе се спушти до нулата, а максималната дневна ќе достигне до 17 степени.

Г.М.