Според ова претпријатие, граѓаните преку операторите на погребални услуги веќе плаќаат за пристап и користење на инфраструктурата на гробиштата (ладилник и мртовечница) и според Законот за гробишта и погребални услуги (член 18) граѓаните се обврзани да плаќаат исклучиво за ладилник – 40 ден на час и мртовечница – 870 денари на час.
-Тоа значи дека оваа нова давачка претставува незаконско наметнување на дополнителни трошоци , односно граѓаните ќе плаќаат два пати за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата.-велат од „Мирен сон“.
Оттаму посочуваат дека Министерството за транспорт и врски како надлежно Министерство преку Државниот комунален инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренција на Република Македонија писмено се изјасниле дека „граѓаните преку операторите на погребални услуги согласно законот плаќаат исклучиво за пристап и користење на капела и комора. Секој дополнително наметнат трошок претставува злоупотреба и кршење на Законите и Уставот на РМ бидејќи тоа претставува двојна наплата за надоместување на исти трошоци“.
– Апелираме до Советниците и Советот на општина Охрид да застанат на страната на граѓаните и да не ја изгласаат оваа точка бидејќи е противзаконска, противуставна и е на штета на граѓаните.-велат од „Мирен сон“. Доколку оваа точка се изгласа операторот на погребални услуги ” Мирен Сон ” со документацијата која ја поседува ќе застане на страната на граѓаните и со сите законски мерки ќе бара поништување на оваа одлука, стои во реакцијата на операторот за погребални услуги „Мирен сон“ од Охрид.